Станија во средата организираше роденденска забава за десетина луѓе и немаше идеја дека Марко ќе ја запроси токму тој ден.
Старлетата и поранешна учесничка во реални шоуа Станија Добројевиќ наводно се мажи, бидејќи нејзиното момче Марко Марковиќ ја запроси на нејзиниот 36-ти роденден.
Во средата, Станија организираше роденденска забава за десетина луѓе и немаше поим дека Марко ќе ја запроси токму тој ден.
Нејзината пријателка, која била на нејзината роденденска забава, откри како изгледало сето тоа.
– Станија не повика музичари, но имаше караоке, па таа и Марко пееја цела ноќ. Ја пресече тортата на полноќ, а по огнометот, Марко клекна, го извади прстенот и ја праша Станија дали ќе се омажи за него. Беше во шок, навистина не очекуваше да ја запроси, но каа „да“. Дури плачеше од среќа – изјави блиската пријателка на Станија која додаде дека семејството на старлетата е пресреќно.
– Нејзината мајка скокаше од радост. Воодушевени биле и нејзината баба и дедо. Станија и Марко планираат венчавка за следната година, само очекуваат да се смири хаосот околу короната. Тие веќе живеат како да се во брак, не се разделуваат. Станија е многу среќна со него, рече дека повеќе нема да влегува во реални шоуа. Планира да заработува за живеење од својата козметичка линија и реклами на Instagram – тврди пријателоката на Станија.
Да потсетиме, Станија и манекенот Марко Марковиќ ја започнаа својата врска во реалното шоу „Задруга 2“.