Позната по позирањето во оскудни парчиња облека, Станија уште еднаш ги воодушеви своите обожаватели со серија фотографии во тесен комплет.
Атрактивната српска старлета Станија Добројевиќ (36) ги воодушевува своите следбеници со голи фотографии одвреме-навреме.
Таа објави низа нови фотографии на кои позира во тесен син комплет чии две ленти едвај го покриваат нејзиното бујно деколте.
Фотографиите брзо добија над 20 000 лајкови, а фановите не се двоумеа веднаш да го искоментираат нејзиниот стајлинг.
„Жив оган“, „Одличен стајлинг“, „Па ти едноставно си прекрасна срце“- се само некои од коментарите кои ја поддржуваат познатата старлета.
Сепак, нејзиниот начин на облекување не беше по вкус на сите и многумина не се двоумеа да го истакнат.
– Жално е што таквите луѓе се идоли, веројатно е „in“ во денешно време – се пожали еден коментатор.
„Срамота е што си облечена вака“, коментира друг.