Пејачката ги воодушеви своите обожаватели.
Младата пејачка Милица Павловиќ важи за една од најстилизираните дами од јавната регионална сцена. Покрај совршените комбинации на облека, Милица секогаш внимава и на косата, како и на шминката.
Овој пат, пејачката објави фотографии во необично издание на својот Инстаграм профил.
Во преден план беше фризурата со која немаме можност да ја видиме – опуштени, или „мокри“ бранови, кои се најпопуларната летна фризура.
Покрај тоа, Милица носеше необична шминка – светки на очните капаци, и пеги на образите, со неутрален кармин.
Имено, оваа фризура и шминка на Милица Павловиќ секако ќе биде инспиративна за жените кои сакаат сами да се стилизираат, и тоа да изгледа совршено.
Не е потребно многу време за овој изглед, а резултатите се беспрекорни.