Пејачката Тања Савиќ пристигна во Смедерево со своите синови Џорџе и Максим, а нејзината мајка Живана ја чекаше таму, но не можеше да ги сокрие солзите.
Тие истакнаа дека ќе има прослава, а нејзината мајка пролеа солзи радосници што конечно сите беа заедно.
– Прославата започнува, ќе биде лудо. Сите се поканети, ова е убав повод – рече братучедот на Тања.
– Среќни сме, правдата е задоволена – рекоа соседите кои плачеа од среќа дека Тања дошла со нејзините синови.
После тоа, Тања се најде во прегратките на нејзината мајка Живана:
– Лавица моја, успеа, се бореше и ги доби дцата. Прво ги прегрнав внуците, тие малку се смениле, пораснале. Едвај чекавме – рече во солзи мајката на Тања.
– Јас сум некој што го сака моето семејство, ова е емотивен момент. Ви благодарам што дојдовте – додаде Тања.
Влегоа во станот, отворија шампањ, а децата си играа.