Откако Нино отпатува во Бразил поради деловни обврски, се шпекулираше дека пејачката и кошаркарот раскинале
Младата пејачка Теодора Џехверовиќ се огласи по приказните дека раскинала со кошаркарот Нино Челебиќ и му испрати силна љубовна порака на своето момче.
Имено, откако Нино отпатува во Бразил поради деловни обврски, некои медиуми пишуваа дека раскинале и ја поврзуваа Теодора со друг маж.
Пред неколку дена, пејачката објави слика со Нино, но како што и самата напиша, некои тогаш не сфатија што е вистината, па одлучи да им „нацрта“.
– Бидејќи поединци не ја разбраа вистината пред некој ден, сега ќе ви нацртам. Нино и јас никогаш не сме раскинале и немам апсолутно никаква врска со личноста со која ме поврзувате, не ја ни познавам – напиша Теодора.
Пејачката потоа му се обрати на своето момче и на многумина им ја затвори устата.
– Те сакам, Нино и верувам дека нашата врска ќе успее! Сега ќе се спакувам – додаде младата пејачка со знамето на Америка, каде што нејзината турнеја започнува на 15 -ти октомври.