Душко уживаше до крајот на настапот на Јелена
Душко Тошиќ беше синоќа, на настапот на неговата сопруга Јелена Карлеуша во Белград!
Славниот фудбалер пристигна на сплавот сам, дотеран максимално, потемнет, со малку раскопчана кошула.
Имајќи предвид дека тие веќе долго време не се видени заедно во јавноста, неговото доаѓање на нејзиниот настап предизвика бројни погледи и реакции од присутните.
Коментарите на нивните фанови веќе можеа да се прочитаат на социјалните мрежи во раните часови, кои напишаа дека ова е „шмекерски одговор за хејтерите“ кои шпекулираат дека овој пар се разделил и развел.
Да се потсетиме, Јелена и Душко последен пат беа видени, барем кога станува збор за она што беше достапно за јавноста, заедно во Истанбул, каде го поминаа Денот на вљубените во 2021 година.
Пред тоа, тие беа снимени заедно на прославата на неговиот роденден, 19 јануари 2021 година.