Евpocoнг – мaло cyтpa: Гpaѓаните потпишувaaт петициja за повлekyвање нa Гаpвaнлиeв од позициjaта македонски пpeтcтaвник нa Евpoвизија

15 март, 2021
evrosong malo sutra

МРТ МОРА ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ГАРВАНЛИЕВ ЗА ПРЕТСТАВНИК НА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОВИЗИЈАТА 2021!

15 март 2021 година, Струмица, Македонија – После скандалот со боите на бугарското знаме на евровизискиот спот и изјавата дека има бугарско државјанство, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) бара Македонската радио и телевизија веднаш и безусловно да го повлече Васил Гарванлиев за претставник на Македонија на Евровизија 2021, а доколку нема време за избор на друг претставник и песна, да го откаже учеството!

СМК смета дека учеството на Македонија на Евровизија 2021 со претставник кој е странски државјанин, во случајов бугарски државјанин бидејќи “баба му била Бугарка“ е срам за нацијата и претставува повреда на угледот на Република Македонија и излагање на подбив на Македонскиот народ и припадниците на заедниците!

Македонија има премногу реномирани интерпретатори/ки кои се гордост на младите и нацијата да не можат да ја претставуваат татковината на Евровизија 2021, за таму место некој од нив да биде странски државјанин!

СМК за несериозно го смета објаснувањето од Националната галерија во Даут-пашиниот амам, за злоупотребата на делото на Жанета Вангели во евровизискиот спот на Васил Гарванлиев.
За волја на вистината, никогаш ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано, пишува на Фејсбук претседателот на СМК, Тодор Петров.

Петицијата можете да ја потпишете тука.

Преземено од infomax.mk

escort - Korsan taksi