George Clooney заради „згодна жена“ се одрекнал од дружење со Амал и неговите деца?

14 март, 2021
Screenshot_30

Откако зборуваше некое време за нејзиниот наводен проблематичен брак и можен неодамнешен развод со Даниел Модера, сега се шушка за врската помеѓу славната Џулијха Робертс и нејзиниот шест години постар колега Џорџ Клуни Имено, за да го ‘добие’ само за себе, 53-годишната актерка реши да го раздели Џорџ од неговата сопруга Амал, но и тригодишните близнаци Александар и Ел, пишува New Idea.

Имено, двајцата славни актери моментално заедно ја снимаат романтичната комедија „Билет до рајот“. Сепак, инсајдерот тврди дека „згодната жена“ не сака „ништо да и застане на патот на неа и на Џорџ“. Таа е подготвена на се за да помине што повеќе време со славниот актер, па дури и да го оддели од семејството.

„Го убедува Џорџ да не ги повикува Амал и нивните близнаци на сетот“, изјави за медиумите неименуван извор, кој исто така ја опиша реакцијата на актерот. „Тој повеќе од среќно се согласи на тоа и низ смеа и рече на Амал дека и е забрането да доаѓа на сетот“.

„Џулија ја чува „згодната сива лисица“ само за себе“, заклучува изворот. Како реагираше Амал на оваа последна забрана не е познато, но изворот претпоставува дека таа не е многу воодушевена од однесувањето на актерката.

Патем, странските медиуми неодамна ја нарекоа оваа актерка – најголемата кавгаџика на Холивуд и се чини дека Амал наскоро би можела да се најде на нејзината „црна листа“. Меѓу имињата со кои досега имал несогласувања се расправиите со: Џенифер Анистон, Лејди Гага, Натали Портман и Гвинет Палтроу.

Така, во 2018 година се пишуваше за нејзината ‘конкуренција’ со Џенифер Анистон. Причината за овој судир беа нивните шоуа – The Morning Show Jennifer Aniston и нејзиното шоу Homecoming. Според тогашните извори и написи, тензиите биле големи и никој не бил подготвен да се откаже.

Една година подоцна се пишуваше за неа и Лејди Гага. Срамот е поврзан со Critics Choice Awards кога Гага се истакна со Бредли Купер. Имено, Џулија тогаш целосно ја игнорираше пејачката, и имаше сосема ладен пристап кога дојде да го поздрави својот долгогодишен пријател Бредли. Сето ова многу ја изнервирало Гага, а некои дури и напишале дека игнорирањето значи дека Џулија не ја прифаќа Гага како актерка.

Истата година, таблоидите објавија наводна расправија помеѓу Џулија и Гвинет Палтроу околу Крис Мартин, поранешниот сопруг на Гвинет. Проблемот настана од наводна њубомора когаЏулија се дружеше со Крис. Љубомора, но на деловниот праг, се појави меѓу Џулија и Натали Портман. Имено, тие во еден момент беа и лица и соработници на големи линии за убавина на два бренда. Наводно, Натали ја превземала идејата на актерката и ја рекреирала со друга позната куќа за убавина.

Да потсетиме, покрај сето ова, нејзините пријатели неодамна изјавија дека се загрижени за неа бидејќи веќе некое време изгледа слабо. Сето тоа беше кажано кога таа беше на одмор на Хаваите. Судејќи според тогашните фотографии, изгледа дека Џулија таму не се забавувала многу. Одеше покрај плажата сама, загрижено лице, гледајќи во мобилниот телефон. Каснувањето на нејзините усни, велат експертите, е знак на несвесна борба со стресот и токму тоа го правеше Џулија поголемиот дел од времето додека одеше боса на песочна плажа на Хаваи.

escort - Korsan taksi