Лила лани вети, а сега одново пропеа и сними нова песна и спот во дует со младиот Филип Пешевски: „Тешко мене со тебе“ (ФОТО)

17 мај, 2021
lila

Најпознатата и најпопуларна македонска ТВ водителка Лила Филиповска одново пропеа! Или поточно, му се врати на пеењето, во кое имаше обиди да се стекне со слава на почетокот на својата кариера. Впрочем, Лила отсекиогаш не била само ТВ водителка, па така покрај новата „занимација за пари“, инфлуенсерството и катадневното рекламирање на разно-разни производи и услуги на социјалните мрежи, Лила реши да и се врати и на „старата љубов“  – естрадата.

Можноста за такво нешто Вистина.ком.мк ја најави уште лани, кон средината на летото 2020 година кога среде коронапандемија Лила и младиот македонски пејач Филип пешевски ја заскокоткаа јавноста со нивниот „дует на клупа“ со „ стара песна на нов глас“.

Имено, тогаш 22 годишниот Филип Пешевски кој освојува со својот шарм и харизма, но и со своето пеење, на своите профили на социјалните мрежи фејсбук и Инстаграм објави кусо видеоклипче од клупа во паркот, а на неа тој со акустична гитара в раце и до него таа – Лила!!?

Анплагд дует фрагмент од нејзиниот стар хит „Ти верував до крај“, кој ги изненади неговите обожавател(к)и, а ја шокираше целата јавност. Особено текстот, кој Филип го споделил под клипот, дека наскоро од нив двајца треб да се очекува нешто ново, а истото го потврди и Лила:

“20 години подоцна… tnx @filippeshevski_ што ме потсети на едно дамнешно но преубаво време…”Ти верував до крај “ е песна што ја напиша Роберт Саздов а текстот е мој  и искрено секогаш ми буди убави емоции се надевам и на вас драги другари. Како и да е наскоро нешто ново од нас… Stay tuned“ – сподели тогаш водителката

И иако обожавател(к)ите се израдуваа, ништо ново не дочекаа… не барем така бргу, с’е до сега, кога речиси една година подоцна, најавата за ветеното Лила и Филип решиле да ја остварат и спроведат во дело.

Имено, на своите профили на социјалните мрежи и обајцата споделија нови заеднички фотографии со срамежливи најави, а тајната целосно ја откри нивниот заеднички пријател Зоки Фаци, кој ја разобличи мистеријата потврдувајќи на социјалните мрежи дека викендов се снимал и видеоспотот за заедничката песна на Филип и Лила, кој според неговите зборови е високобуџетен, а чиј продуцент е лично тој! Монтажата на видеото е во тек и наводно спотот треба да биде готов за пуштање во етер кон средината на оваа недела!?

И ако треба да им се „верува до крај“, според скриените најави во објавите, песната најверојатно носи наслов: „Тешко мене со тебе“ (?)… Скокотлив наслов, без многу појаснување… Тешко, ама, ај погодете, кому со кого?

Оние што добро ја познаваат Лила одблизу, велат дека водителката „умее“ со помладите, па затоа не е ни чудо што не снимила дует со некој возрасен пејач, како Владо Јаневски на пример, туку  го одбрала  младиот и талентиран Филип Пешевски.

Како сето тоа ќе испадне, како ќе звучи и изгледа, јавноста едвај чека да дознае и е нетрпелива, па не ја држи место, водителката на „Се’ или нешто“,  одново да ја види во „некогашната улога“ – на пејачка!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi