Се ОМАЖИЛА за СЕБЕ ! Познатата АКТЕРКА ШОКИРАШЕ со јавна церемонија, нејзините родители одбија да присуствуваат!

15 март, 2021
se omazila za sebe

Актерката Џенлин Родригез (30) се омажи за себе. Актерката се одлучи на овој радикален потег по неколку врски во кои претрпе насилство. Нејзините родители не се премногу задоволни од оваа одлука, бидејќи таа потекнува од католичко семејство во кое бракот помеѓу жена и маж е основа на семејниот живот.

Актерката и продуцентката не може да се венча во согласност со религиозните убедувања на нејзиното семејство, па тоа го стори според оние кои проповедаат љубов кон себе.

Актерката откако го најде совршениот прстен, реши да се вери со самата себе. Конечно, актерката учествуваше на церемонија на која вети дека ќе се сака себеси и ќе проповеда сологамија.

Таа се омажи точно во 15:33 часот, бидејќи оваа бројка е многу моќна според ангелската нумерологија. Број 333, означува чиста љубов, а бројот 111 присуство на ангели.

На церемонијата присуствуваа 20 лица, меѓу кои и нејзината сестра. Сепак, нејзините родители не присуствуваа на церемонијата, бидејќи не беше во согласност со нивната религија. Таа се омажи сама за себе, со цел да се потсети дека е извор на љубов и дека има сè што е потребно за да биде среќна. Таа се надева дека ќе може да отвори центар каде што другите луѓе ќе можат да го сторат истото, да станат партнери сами на себе до крајот на животот, но тоа нема да ги спречува да стапат во брак со други.

escort - Korsan taksi