Совршен брз пролетен доручек: Рецепт за крофни со тиквички какви што не сте пробале досега!

30 мај, 2021
ustipci-830x0

Крофните потсетуваат на детството, на сладок или солен појадок, дома и семејство. Токму поради ова, нема човек што не сака да јаде крофни. Овој рецепт е совршен брз појадок за целото семејство.

Може да ги послужите со сирење, јогурт или со сезонска салата, а доколку ги исфрлите солените состојки, може да ги послужите со домашен џем и чај.

Состојки:

  • 2 поголеми тиквички
  • 3 јајца
  • сол и бибер по вкус
  • кесичка прашок за пециво
  • 200 гр брашно
  • една чаша јогурт
  • масло за пржење
  • 2 лажици сусам

Подготовка:

Излупете тиква, изрендајте ја, додадете сол и оставете ја да се исцеди 30 минути. После тоа време, исцедете ја водата и додадете јогурт, бибер, прашок за пециво и брашно во тиквичките.

Изматете сè убаво. Потоа, додадете семе од сусам.

Измешајте ја смесата со вилушка и формирајте ги крофните. Пржете ги на умерена температура во масло додека не добијат златно жолта боја. Извадете ги на хартиена крпа за да го впиете вишокот маснотии.

Послужете ги топли.

Пријатно!

escort - Korsan taksi