ТАА ГО ЗАВЕДЕ ЛЕОНАРДО ДИКАПРИО: Оваа убавица ја споредуваат со Софија Лорен, а моментално е најпосакувана жена на светската сцена!

26 март, 2021
madalina-diana-ghenea-shatenka-krasivye-guby-italianka-divan

Мадалина Дијана Генеа е по потекло од Слатина, Романија и е на модната сцена веќе 17 години. Покрај тоа што работеше на ревии низ целиот свет, Генеа е позната и по врските со познати момци како Леонардо ди Каприо, Џерард Батлер и богатиот трговец на уметности Вит Шнабел.

Кариерата ја започна на само 15 години, кога ја откри италијанскиот дизајнер Гатинони. Благодарение на нејзината убавина и талент, таа учествуваше во бројни модни кампањи и ревии, но не изгледаше секогаш вака. Откако се прослави, направи многу естетски корекции. Многумина ѝ замерија, но една од најпосакуваните жени во светот благодарение на тоа маѓепса многу славни мажи.

Вежбаше балет седум години, и поради тоа беше избрана да учествува во италијанската верзија на Танц со Sвездите, а се појави и во спотот за оперскиот пејач Ерос Рамацоти. Мадалина откри дека сè уште е несигурна за својот изглед, а може да заклучиме дека е безпотребно загрижена врз основа на нејзините фотографии.

Покрај манекенството, Генеа се испроба и во актерството, а поради нејзиниот изглед многумина ја нарекуваат нова Софија Лорен.

escort - Korsan taksi