Таа посочува дека е многу задоволна од оваа промена
За да може полесно да функционира и да патува низ регионот за време на настапите и сезоната, пејачката Сандра Африка привремено се пресели во Црна Гора каде има најмногу тезги во текот на летото.
– За мене ова е и работа и задоволство. Работам, настапувам и преку ден уживам во морето. И да работа, и да се одморам. Затоа сум стационирана во Црна Гора, секоја година. Полесно ми е да патувам во Хрватска и околните земји за настапи, па потоа ќе се вратам тука на нови концерти. Само што пристигнав во Црна Гора, па немав време да ги посетам плажите, но ќе го сторам тоа деновиве – рече Сандра и додаде дека сака да ужива на својот брод.
– Највеќе ми се допаѓа кога сум на мојот брод. Тоа е моето уживање. Па, ќе испловам, тоа е мир – истакнува пејачката.
Како што вели, сè уште и е тешко да се навикне на обврските, бидејќи поради пандемијата, е навикната на одмор.
– Навистина ми треба одмор по настапите. Треба да се навикнам на ова темпо. Нека почне само, беше досадно – беше искрена Сандра.