ВРТОГЛАВА СУМА НА ПАРИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЖИРИТО: Еве за колку Цеца Ражнатовиќ се согласи да ја замени Јелена Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“

popara6 септември, 20211min0
35169_ceca_f

Вестта за доаѓањето на Цеца Ражнатовиќ во жирито на „Ѕввездите на Гранд“ предизвика голема помпа во јавноста, а дека пејачката договорила сѐ што ѝ одговара, ја докажува средбата што ја имала со Саша Поповиќ во неговата вила на Бежаниска коса, каде што одржаа долг состанок.

Ражнатовиќ се согласи да седне на столот на жирито за 200.000 евра по сезона.

Фолкерка потпиша тригодишен договор, што значи дека за тој период ќе инкасира дури 600.000 евра.

Меѓутоа, бидејќи со доаѓањето на Цеца се очекува да скокне гледаноста, таа потпиша различен договор од другите членови на жирито, па ако продукцијата го надмине очекуваното, во тој случај бројката што ќе ја добие ќе биде повисока за дури 30 проценти.

– Цеца потпиша договор што беше направен многу прецизно, за да не може да биде нејасна ниту една ситница. Поповиќ ги собра најдобрите услови за таа да го прифати ангажманот, а знаеше дека тоа нема да биде мала бројка – вели изворот и додава детали од нивната средба.

– Цеца отсекогаш верувала во Саша дека е човек од збор, што ѝ е исклучително важно во бизнисот. Исто така, договорот е таа да се претстави во ново светло – вели соговорникот за медиумите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma