
Пејачката со години строго ги следи овие правила.
На самиот почеток на нејзината кариера, Лепа Брена се бореше со прекумерната тежина. Како што и самата вели, еден ден застана пред огледалото и сфатила дека итно треба да ослабе.
Од тогаш до денес, се придржува до ова мени. Благодарение на него, таа има совршена линија, и никогаш не ги врати изгубените килограми.
Кога започнала да јаде на овој начин, за 6 месеци паднала од 89 килограми на 67.
Пејачката верува дека умереноста е клучот за добра линија и здравје.
– На моја возраст, човекот учи дека не треба да претерува во ништо, особено во месото, што кај нас се наоѓа главно на менито – вели пејачката и објаснува како со текот на годините успеала да ја задржи фигурата на која многу жени и завидувале :
– Секое утро кога ќе станам вежбам јога. Без оглед на тоа колку години имате, важно е да јадете помалку, бидејќи тогаш се чувствувате подобро. Сакам да јадам слатки, а понекогаш и хамбургер, пица, но се обидувам да не претерувам. – заклучи фолк sвездата.
Еве како изгледа нејзиниот план на исхрана:
Ден 1
Појадок: Мусли од овесни снегулки, бадеми и свежо овошје
Ручек: Риба на скара и зеленчук на пареа.
Вечера: Потаж, супа или голема чинија со младо сирење.
Ден 2
Појадок: салата и 2 варени јајца.
За салатата, ви требаат: 1 чаша зелка, ½ чаша моркови, ½ чаша цвекло, 1 лажица масло.
Подготовка на салата: откако ќе ги промашите состојките, прелијте ги со масло.
Ручек: чинија потаж од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук, по избор.
Вечера: салата.
Потребно ви е: 1 морков, 1 краставица, 1 чаша црвена зелка, ½ праз, 1 чаша зелена салата, рукола, млад спанаќ, 1,5 лажици масло, ½ лажица сок од лимон, 150 гр пилешко на скара / конзервирана туна, чаша јогурт.
Подготовка: откако ќе ги исечете состојките до посакуваната дебелина, измешајте ги и уживајте.
Ден 3
Појадок: омлет со брокула и сирење.
Ручек: чинија потаж од зеленчук, 150 гр бифтек на скара, салата од свеж зеленчук.
Вечера: медитеранска салата од туна.
Потребно е: ¼ зелена салата, 100 гр домати, ¼ црвен кромид, ½ краставици, ½ зелена пиперка, 20 гр фета сирење, 20 гр маслинки, ½ лажица оригано, ½ конзерви туна во маслиново масло, 15 мл оцет/сок од лимон, ½ лажица масло, 200 мл јогурт.
Подготовка: Промешајте ја туната со зелената салата, доматот, црвениот кромид, краставицата и црвениот пипер. Додадете сирење, маслинки и јогурт. Повторно промешајте, додадете сирење, маслинки и прелијте со оцет или сок од лимон.
Ден 4
Појадок: омлет и салата.
Ручек: чинија чорба, 200 гр бело месо на скара, салата од свеж зеленчук.
Вечера: Цезар салата.
Ден 5
Појадок: мафини со пиперка, печурки и јајца.
Ручек: чинија потаж од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук.
Вечера: Сезонска витаминска салата со коцки месо.