ДОКАЖНО НАЈДОБАР ЛЕК По опивањето, овие совети ќе ви помогнат брзо да се ослободите од мамурлакот!

11 јуни, 2021
mamurlak

Секој има различни начини да се справи со мамурлакот, без разлика дали е утринско џогирање за да ги елиминирате сите токсини или консумирање нездрава храна и огромни количини маснотии

Секој има различни начини да се справи со мамурлакот, без разлика дали е утринско џогирање за да ги испотите сите токсини или консумирање нездрава храна и огромни количини маснотии. Со доаѓањето на потоплото време, годишните одмори и попуштањето на епидемиолошките мерки, сигурно ќе ви треба совршен лек за мамурлакот во наредните недели.

Читателите на LADbible ги открија своите докажани рецепти за борба против мамурлакот, а еве неколку од нив:

Сауна

Читателот Алекс Лимкитират тврди дека најдобриот лек за мамурлак е сауната. “Изете квалитетен оброк и отидете во сауна. Веќе нема да чувствувате мамурлук, гарантирам”, напиша тој.

Калориска бомба

„Изете 20 пилешки медалјони, голем сендвич и милкшејк со банана“, советува Хари Ример.

„Тост, сланина, јајце, колбас“, рече кратко Алфред Кокси.

Коктели

“Понекогаш пијам кригла во која истурам половина кокакола и половина сок од портокал. Друг одличен трик е сокот од кактус”, вели Рис Солсбери.

Клинот со клин се избива

„Само продолжете да пиете“, е советот на Метју Морган.

Вода и добар појадок

“Порано имав катастрофални мамурлаци, но сега пијам половина литар вода пред спиење. Следното утро појадувам калоричен појадок и мамурлакот го нема”, вели Дагла Хамилтон.

Оброк пред пиењето алкохол

“Храната ја забавува апсорпцијата на алкохол во крвотокот и го забрзува процесот со кој телото го разложува алкохолот. Ова значи дека нивото на алкохол во крвта ќе биде повисоко и ќе се зголеми побрзо ако пиете на празен стомак. А поголеми се шансите и да доживеете други негативни ефекти како црвенило, гадење и главоболки“, рече докторката Кетрин Басфорд.

Не е важно за каква храна ќе се решите, едноставно да јадете нешто.

escort - Korsan taksi