Душекот на кој спиете треба да се чисти особено во лето: Еве еден лесен начин да го направите тоа

13 јули, 2021
kako-krevet-treba-da-stoji-prema-feng-suiju-830x0

Душекот треба да се чисти на секои два до три месеци, а во лето уште почесто

Душекот на креветот на кој спиеме лесно се валка, особено во жешките летни месеци поради потта што ја ослободуваме, но и мртвите клетки на кожата што паѓаат за време на спиењето. На него често се појавуваат жолти дамки, но и непријатен мирис, поради што е потребно редовно да се чисти.

Ако не сте размислувале за чистење на душекот на кој спиете во последно време, сега е време. Поминувате шест, седум или осум часа сон на тоа место. Особено за време на жешките летни месеци кога душекот ја апсорбира нашата пот, масло и други секрети од телото, треба да се грижиме за хигиената на местото каде што спиеме.

Душекот треба да се чисти на секои два до три месеци, а почесто во лето.

Ослободете се од прашината

Најлесен начин да се отстрани прашината е да се користи правосмукалка. Треба да практикувате често правосмукање на душекот, особено ако некој во семејството страда од алергии.

Преминете по целиот душек со помалиот додаток на правосмукалката цврсто притискајќи го во душекот за да се извади правот од под површината.

Користете пареа

Ако имате чистач на пареа за одела или за чистење мебел, прејдете го душекот држејќи ја млазницата што поблиску до ткаенината.

Продирачката пареа ќе ги убие грините кои демнат во близина на површината, кои се сериозни алергени. По чистењето со пареа, душекот повторно исчистете го со правосмукалка.

Ако немате чистач на пареа, можете да користите и пареа од вашата пегла. Прејдете со пеглата по душекот.

Исчистете ги дамките

Жолтите дамки на душекот се веројатно резултат на акумулација на пот и телесни секрети што ги испуштаме за време на жешките ноќи. Иако е тешко да се исчисти целиот душек, можете да се обидете да го избелите и дезинфицирате мешајќи една чаша водороден пероксид со чаша топла вода и пет капки течност за миење садови.

Направете раствор од ова, па истурете го во шише со прскалка и попрскајте ја површината на душекот. Истријте ја површината на душекот со мека четка или крпа и оставете го да стои 30 минути.

Повторно попрскајте го душекот со чиста вода за да го измиете, избришете го добро за да ги отстраните сите трагови од средството за чистење и оставете потполно да се исуши.

escort - Korsan taksi