Темната кожа на колената и лактите ќе биде минато со овој едноставен и евтин трик

17 мај, 2021
Screenshot_4

Почнува сезоната на здолништа и кратки шорцеви, па време е да обрнете внимание на грижата за нозете. Посебно внимавајте на колената доколку се затемниле, бидејќи тоа значи дека околу нив се собрале многу слоеви мртви клетки, па затоа треба да се отстранат.

За да го осветлите овој дел од нозете, измешајте лажица мед со три лажици сок од лимон и добро истријте ги колената, а потоа исплакнете ги со вода. Не заборавајте да го повторувате овој третман се додека не го постигнете посакуваниот ефект.

Кога ќе завршите со бањата и пилингот, втријте во кожата хидратантна, по можност на основа на невен, бидејќи е богат со витамин Е, и е број еден во приказната за нега и убавина. Ако нозете ви се екстремно суви, премачкувајте ги секојдневно со маслиново или бадемово масло десет дена за да ја негувате кожата. Само внимавајте да не ги мастите пижамите или постелнината. Затоа се препорачува тие денови да спиете во некои памучни хеланки, кои ќе ги исперете подоцна.

И за крај, но не и најмалку важно, пред да излезете надвор, не заборавајте да ставите крема за сончање на нозете. Ова ќе ги спаси од новиот процес на дехидрација, темни дамки и губење на еластичноста.

escort - Korsan taksi