Ако мислевте дека “Peaky Blinders” е пред крај на приказната, сте се измамиле!

26 јануари, 20220
birmingemska-banda-830x0

Серијата „Peaky Blinders“ нема да заврши наскоро, иако така се пишуваше во светските медиуми. Имено, Стивен Најт, авторот на ова остварување, претходно најави дека серијата ќе заврши со периодот на Втората светска војна.

Меѓутоа, сега кружи друга приказна. Најт ја планира и седмата сезона, но не само тоа, туку има намера да ги следи членовите на семејството од ова достигнување и по завршувањето на Втората светска војна.

„Отсекогаш била идејата на Британија меѓу војните и како лекциите од една војна не се научени, туку се повторуваат. Во исто време се работи за падови на империи, влегуваме во Втора светска војна и на крајот веќе нема империи. Но, го преиспитав размерот на се и сега мислам дека приказната ќе продолжи и по војната. Размислувам за енергијата што постои за она што го правиме и сакам да продолжам и да видам како ќе се развива после тоа“, изјави Најт за Empire.

По шестата сезона од серијата, Стивен Најт започнува да работи на играниот филм „Peaky Blinders“, а снимањето ќе започне во 2023 година. Засега не се знае што ќе прави по заминувањето од функцијата.

Ниту тој не го знае тоа.

„Работам па не планирам за понатаму, мислам дека не би можел да го направам тоа. Само седнувам на тастатурата и ако доволно ги познаваш ликовите, ги пушташ и гледаш што ќе си кажат. Дијалогот нека го води дејството“ – рече Најт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma