Алан од „Два и пол мажи“ беше смотан и досаден, а сега е ќелав и не би го препознале (ФОТО)

28 јануари, 20220
Dzon-Krajer

Обожавателите велат дека и покрај Чарли Шин, тој сепак бил омилен во популарната серија

Актерот Џон Крајер, кој ја толкуваше улогата на Алан Харпер, таткото на Џејк, не се експонираше премногу во јавноста, дури ни на врвот на популарноста. Крајер практично пораснал во театар, бидејќи неговите родители биле актери на Бродвеј.

Многумина денес не би го препознале актерот, со оглед на тоа што ја скратил косата и ја пуштил брадата, а многумина од коментираа дека неговиот сегашен изглед е сосема поинаков од времето кога глумеше во популарната серија „Два и пол мажи“.

Како што самиот откри во едно од ретките интервјуа, уште од мал „сакал да биде дел од тој магичен актерски свет“.

Првата значајна улога се случила во далечната 1986 година во тинејџерската комедија „Убавица во розово“, потоа во филмовите „Жешки глави“ и „Супермен 4“. Сигурно улогата на животот и она што вечно ќе се памети е Алан Харпер во серијата „Два и пол мажи“.

Во јули оваа година, Крајер беше виден како ја снима последната сезона од серијата „Супердевојка“, во која го игра бизнисменот Лекс Лутор. Многумина беа изненадени од неговата трансформација, со тоа што од Алан на кој сме навикнати, не останало апсолутно ништо автентично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma