АЛАРМ кој го праќа телото, послушајте го: Ако имате вакви БРЧКИ на лицето, имате 10 пати поголем ризик од срцев удар

6 април, 20220
Screenshot_2

Нездравата исхрана, пушењето, недоволната физичка активност, стресот негативно влијаат на здравјето на срцето, а лекарите предупредуваат кои брчки на лицето откриваат дека сме изложени на ризик.

 

 

Приоритет на сите нас е да го зачуваме доброто здравје, а особено здравјето на срцето. Срцев удар погодува некого приближно на секои 43 секунди, а се случува кога протокот на крв кој носи кислород до срцевиот мускул е сериозно намален или целосно прекинат.

 

Нездравата исхрана, недостатокот на физичка активност, пушењето и генетиката се пресудни за развој на срцеви заболувања, а француските лекари предупредуваат дека една брчка на лицето укажува дека личноста може да има проблеми со срцето.

 

Луѓето со длабоки брчки на челото се изложени на поголем ризик од смрт од кардиоваскуларни болести, покажа 20-годишното истражување спроведено во Франција.

 

Студијата открива дека длабоката „намуртена“брчка е вистинско црвено знаме и аларм за потенцијални срцеви заболувања или мозочен удар.

 

– Луѓето кои имаат длабоки брчки меѓу веѓите имаат 10 пати поголем ризик од кардиоваскуларни болести – вели авторката на студијата, професорката Јоланда Есквирол и истакнува дека брчките не се најдобриот метод за проценка на кардиоваскуларното здравје, туку анализата на крвта и притисокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma