Ана Николиќ ја прокоментира новата ВРСКА на Раста: Еве што им порача пејачката нему и на неговата девојка

23 јуни, 20220
rasta-ana-nikolic

Таа истакна дека има убав однос со поранешниот сопруг

Пред неколку дена беше откриено дека раперот и поранешен сопруг на Ана Николиќ, Стефан Ѓуриќ Раста ужива во врска со неговата нова девојка Марија Балабан, која е 12 години помлада од него.

Тие двајца уживаат во љубовта, па заедно отпатуваа во Хрватска, од каде што се огласија на мрежите, а со исти стории на Инстаграм привлекоа големо внимание и открија повеќе отколку што сакаа.

Бидејќи ова е првата девојка на Раста за која јавноста се дозна откако се разведе од Ана Николиќ, пејачката беше замолена да даде коментар.

– Не сум во тек, дознав од медиумите. Со години сме разведени, секој си живее свој живот, имаме дете и убав однос, соработуваме на деловен план, но не зборуваме за приватни работи. Секој си живее свој живот, секако му посакувам многу среќа – изјави Ана.

Инаку, Марија е ќерка на ИТ експертот Владан Балбан, кој се најде во центарот на вниманието на јавноста поради турбулентната врска со Марија Каран. Медиумите тогаш пишуваа дека актерката му го искршила автомобилот по жестока кавга, а потоа наводно ја удрил со тупаница по лицето,

-Прв пат слушам за тој човек, не знам каков однос има со Марија Каран – изјави Ана за Курир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi