Антивоспалителна диета: Начин на исхрана кој ги намалува воспалителните процеси во телото

9 април, 20220
634392_shutterstock-376923973_f

Еве за што се работи

Се препорачува секојдневно да се консумира храна богата со пребиотици и пробиотици. Советите за започнување на антиинфламаторна диета вклучуваат замена на засладените пијалоци, како што се газирани и концентрирани сокови, со обична вода или вода со сок од лимон. Исто така, се препорачува да се зголеми внесот на влакна преку оброци кои содржат повеќе цели зрна, овошје и зеленчук дневно.

Мрсна риба, вклучувајќи сардина и лосос, се препорачува два пати неделно. Покрај тоа, користете повеќе јаткасти плодови, семки, маслиново масло, билки и зачини. Посебно се препорачуваат билни чаеви, како чај од ѓумбир, лук, цимет или рузмарин.

Како тоа влијае на општото здравје

Според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), хроничните состојби, како што се срцевите заболувања и мозочниот удар, се водечка причина за смрт и инвалидитет. Истражувањата исто така покажуваат дека антиинфламаторната диета ги намалува маркерите на воспаление во телото и ризикот од хронични состојби. Студија од 2016 година покажа дека медитеранската исхрана го намалува Ц-реактивниот протеин, што укажува на воспаление во телото за 20 проценти, а севкупниот ризик од срцеви заболувања за 30 проценти. Истражувачите сугерираат дека оваа диета го намалува ризикот од срцеви заболувања со тоа што го намалува воспалението на ѕидовите на крвните садови и го одржува нивното здравје и издржливост.

Медитеранската исхрана исто така има потенцијал да го намали ризикот од развој на ревматоиден артритис, иако потребни се повеќе студии за да се потврди ова.

Симптомите на хроничните состојби, како што се болки во мускулите, отечени зглобови, чешање на кожата, замор и промени во расположението, може да станат исцрпувачки или нарушувачки, бидејќи влијаат на квалитетот на животот, а може да се намалат со антиинфламаторната диета. Истражувањето за ефектите од антиинфламаторните диети кај луѓето со псоријаза, хронична опструктивна белодробна болест и депресија довело до намалување на одредени симптоми и подобрување на квалитетот на животот.

Контрадикторни податоци

Антивоспалителната диета е во фаза на тестирање, па се уште има различни резултати. Според некои истражувања, доматите се меѓу намирниците кои можат да предизвикаат воспаленија, па затоа се препорачува да се избегнуваат и да се заменат со друг зеленчук, како што е тиквата. Од друга страна, некои студии сугерираат дека содржината на ликопен во овој зеленчук има антиинфламаторни својства. Овие контрадикторни податоци може да бидат збунувачки. Експертите препорачуваат да ја следите вашата состојба доколку имате алергии и да се консултирате со нутриционист или диететичар за да направите соодветен план за исхрана.

Може да го намали воспалението во организмот, но не може да излечи болести

Многу здравствени веб-сајтови ги нудат „најдобрите“ антиинфламаторни диети за „лекување“ на состојби како што се фибромијалгија, мултиплекс склероза и артритис… Иако антиинфламаторните диети се ефикасни во намалувањето на воспалението и подобрувањето на општото здравје, да се каже дека овој метод е диететски лек за автоимуни болести и хроничните состојби, сепак, не е во ред. Човек може да ја прифати оваа диета само за да го поддржи соодветниот медицински третман, а не да го замени истиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma