
Сето тоа таа го објави на 31 март, кога се одбележува денот на трансродовата видливост
Пејачката Аријана Гранде неодамна на Инстаграм објави дека основала фондација која ќе биде посветена на помагање на младите трансродови луѓе.
Во соопштението таа напиша дека ја основала фондацијата наречена „За заштита и одбрана на трансродовите млади“ во соработка со платформата за собирање средства Pledge.
Објавата погледнете ја ТУКА
Пејачката напиша дека фондацијата е основана за да им помогне на организациите кои им помагаат на младите трансродови луѓе да се залагаат за нивните права.
Во коментар, таа ги повика следбениците да ѝ помогнат на фондацијата со нивните донации, додавајќи:
– Во моментов има стотици неплатени, срамни судски трошоци во судењата кои се обидуваат да им ги ускратат правата на младите трансродови лица. 31 Март кога се слави Денот на трансродовата видливост.