Ања Тејлор-Џој дава одличен пример на празнична комбинација: Чипката се уште е во мода!

22 ноември, 20220
anya-taylor-joy-2-830x0

Младата актерка Ања Тејлор-Џој прошета по њујоршките улици во сензуална црвена комбинација која зрачи со гламур.

Мини фустан во црвена тантела со ниско деколте и црвен лакиран мантил зрачат со празничен дух, па оваа монохроматска комбинација со црвени најлонки и штикли е одличен предлог за претстојните прослави.

Порцеланската кожа и бледиот тен на Ања се контраст на нејзиниот црвен стајлинг. Од велови за венчавки до долна облека, чипката е омилена ткаенина која може да се вгради во секој дизајн и да го разубави секое парче облека, па ако се прашувавте дали чипката е сè уште во мода – еве го вашиот одговор.

Инспирација во овој изглед можеме да најдеме и во начинот на кој Ања го комбинира мантилот. Нејзиното црвено лакирано палто е одлично искомбинирано со елегантен фустан, а оваа година беше доста застапено на светските модни писти.

Скршете го сивилото на есенските денови со капут во боја и чизми во иста нијанса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber