БАЛЕНСИЈАГА ГИ ИЗБРИША СИТЕ ПОСТОВИ НА ИНСТАГРАМ: Повеќемилионската платформа сега ќе ја користат за помош на Украина

3 март, 20220
Balenciaga

„Го поддржуваме мирот и дониравме на WFP за да придонесеме за првата хуманитарна помош за украинските бегалци. Ќе ги користиме нашите платформи во наредните денови за да пренесеме информации за ситуацијата во Украина. Кликнете на линкот и донирајте сега. – моментално е единствената објава на Инстаграм профилот на брендот Баленсијага.

Баленсијага го следат речиси 13 милиони луѓе на Инстаграм, а тие ги избришаа сите свои претходни објави со цел целосно да ја посветат својата платформа на ситуацијата во Украина и да им помогнат на погодените од војната. Ова не е прв пат Balenciaga да ги брише сите свои публикации, но првпат го прават тоа за да ја подигнат свеста и да им помогнат на жртвите од војната во Украина.

Отсега, нивниот профил ќе известува за теми поврзани со војната во Украина и можните начини за помош. Тие на својот профил ставаат линкови до Светската програма за храна, повикувајќи на донации.

WFP организира итна операција за обезбедување храна за луѓето кои бегаат од војната, во Украина и во соседните земји, по официјалното барање на украинската влада, според нивната официјална веб-страница.

Повеќето од луѓето кои бегаат од границата со Полска се жени и деца, некои чекаат и до 40 часа на температури кои можат да паднат до -2. WFP известува дека залихите на храна се при крај, а полиците во продавниците се речиси празни. Недостатокот на храна ќе биде уште еден предизвик за жителите на Киев, од кои многумина се засолниле на станиците на метрото.

На организацијата ќе и треба секаква можна помош за да може да обезбеди доволно храна за луѓето погодени од војната, а повлекувањето на Баленсијага секако ќе придонесе за тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma