Балконот на Европа: Терасата која пружа панорамски поглед на градот подигнат од пепелта

26 февруари, 20220
62238970

Балкон на Европа – колку погодно звучи тоа, нели? Добрата вест е што постои, а се наоѓа во германскиот град Дрезден.

Станува збор за т.н терасата Брул која се протега над и покрај бреговите на реката Елба, недалеку од плоштадот Нојмаркт. Ова е популарно место за собирање и шеталиште каде – особено во сончево време – предизвикот е да се најде место под сонцето или место во кафуле.

Терасата првично била дел од градската тврдина реновирана во 16 век, а името го добила по полско-саксонскиот државник и член на истакнато семејство, Хајнрих фон Брул. Покрај тоа што поседувал градска палата со галерија и придружни градини, тој имал и рекордни количества часовници, војнички елеци, перики, капи… Класика, сè што му било потребно на човекот во тоа време.

За жал, како и многу други делови од градот, терасата беше уништена во сојузничкото бомбардирање на Дрезден во Втората светска војна. За време на нападот на британско-американските сили во февруари 1945 година, врз градот беа фрлени дури 3.900 тони бомби, при што загинаа околу 24.000 луѓе. До денес, Дрезден остана симбол на речиси целосно уништување на градот.

По војната, терасата е реновирана – работата е завршена квалитетно, па може да се каже дека терасата е максимално верна на оригиналното издание. Денес, ова е една од главните атракции на градот, кој се нарекува „Фиренца на Елба“. Воодушевува со својот изглед и архитектура бидејќи е реставрирана со што повеќе оригинален материјал за да се зачува духот на старите времиња.

Во склад со ова е и прекарот „Балкон на Европа“, кој го добила во 19 век благодарение на познатиот Гете. Затоа, кога одите на прошетка низ Дрезден, посетете ја терасата Brühl и опуштете се на клупи со панорамски поглед на реката и градот кој ги надминал ужасите на војната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma