„Бев млада, а тој беше…“: Зошто се распадна бракот на Ричард Гир и Синди Крафорд?
![236445_132309-profimedia0183400510-ls_ff (1)](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/02/236445_132309-profimedia0183400510-ls_ff-1.jpg)
Познатата манекенка Синди Крафорд припаѓаше на генерацијата на првите супермодели, на врвот на славата во деведесетите, кога беше позната петорка со Клаудија Шифер, Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон и Линда Евангелист, а се уште важи за една од најубавите жени на светот.
Иако од 1998 година е во брак со Ренди Гербер, со кој ја има ќерката Каја, која би можела да биде речиси исто толку популарна како нејзината мајка и синот Присли, краткотрајниот брак на Синди со познатиот актер Ричард Гир не е заборавен.
Синди го запознала Ричард кога имала 21 година, а во 1991 година се омажила за него, кога имала 25 години. Ричард е 17 години постар од неа, но тоа беше нивниот прв брак.
Сепак, тие никогаш навистина не се вклопуваа …
– Кога се омажив за него, тој имаше 42, јас 25. Бев млада, а тој Ричард Гир. Бевме заедно шест години, а две поминавме во брак. Кога ќе се сретневме, речиси моравме да се претставиме, воопшто не се гледавме. Пријатели сме, но не се дружиме… Кога почнав да станувам личност што сум денес, беше предоцна да го спасам бракот – изјавила манекенката.
Само четири години по венчавката, тие поднеле барање за развод во 1995 година. Големата разлика во години беше само една од причините зошто овој брак не функционираше.