Без да одите на фризер: Како да ја спречите појавата на портокалови прамени?

28 март, 20220
Screenshot 2022-03-28 161709

Еве ја тајната

Доколку се одлучите за посветли, сончеви прамени, често користиме бланш за да ја отстраниме бојата. Како оксидирачки агенс, бланшот има способност да ја отвори кутикулата на косата и да го раствори меланинот или природната боја на косата. Тоа е всушност главниот „виновник“ за досадните, несакани портокалови тонови кои се појавуваат во косата по само неколку плакнења. Но, постојат многу други фактори кои можат да придонесат за несаканите портокалови и жолти тонови, како што се квалитетот на водата, изложувањето на сонце и производите што ги користиме. Експертите за „Byrdie“ објаснуваат дека бланширањето го разредува меланинот во косата, а тој е одговорен за бојата на косата – дали ќе биде посветла или потемна. Едноставно, бринетите и црнките имаат црвени или портокалови пигменти во косата, а кога ќе дојде до оксидација, овие тонови доаѓаат до израз.

Користете виолетов шампон – Ако гледате како да и помогнете на вашата коса без да одите во фризерски салон, експертите советуваат сини или виолетови шампони кои ги поништуваат премногу топлите, портокалови тонови и ги задржуваат поладните нијанси на сина боја.

Користете сјај или тонер – Пред да излезете од салонот, консултирајте се со фризер и договорете третман за нега по неколку недели од фарбањето или вадењето прамени. Ова привремено ќе помогне да се избегнат несаканите нијанси, а професионалецот во салонот ќе знае како да ја тонизира бојата, за да ги неутрализира портокаловите тонови. Прамените бараат одржување, затоа подгответе се за редовна посета на фризер, доколку сакате вашата боја секогаш да биде свежа.

Користете шампони без сулфати – Производите што ги користите дома се уште една работа што треба да ја земете во предвид. Оние кои содржат многу хемикалии, особено алкохол, можат да влијаат на бојата на косата, велат експертите, а може да се најдат во шампоните, балсамите, маслата, спрејовите за коса… Многу професионалци препорачуваат производи без сулфати кои ја одржуваат косата хидрирана.

Избегнувајте УВ зраци – прекумерното изложување на сонце може да ја исуши вашата коса и да предизвика нејзино избелување. Кога се изложени на УВ зраци, до израз доаѓаат портокаловите тонови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma