Бекам и сопругата ги распнаа за милионската свадба: Невестата на сите им ја „затвори устата“

18 април, 20220
Screenshot_23

Никол на своето презиме на Инстаграм го додаде Бекам, а со своите следбеници сподели видео од големата свадба.

 

 

Младиот пар минатиот викенд заплови во брачните води, а нивните богати семејства наводно потрошиле милиони фунти за венчавката.

 

Поради луксузот во кој се одржа венчавката, Никол Пелц и Бруклин Бекам ги критикуваше јавноста дека не ги почитувале семејствата кои страдаат за време на војната во Украина.

 

– Татко ми веќе зборуваше на таа тема во својот говор на мојата свадба. Бруклин и јас сме уништени поради ситуацијата во Украина и затоа не прифативме подароци на свадбата, туку им кажавме на гостите да донираат на линкот што го ставив и овде – напишала Никол со објава на својот Инстаграм.

 

Никол на своето презиме на Инстаграм го додаде Бекам, а со своите следбеници сподели снимка од големата свадба.

 

Двојката имаше традиционална еврејска церемонија за време на која Бруклин со пета скрши чаша во салфетка, а нивниот прв бакнеж траеше шест секунди.

 

За венчавката добија електричен Јагуар од 1954 година, вреден 350.000 фунти од Дејвид и Викторија Бекам.

 

Пред венчавката потпишаа предбрачен договор, за да ги заштитат милионите кои лежат на сметките на нивните родители. Богатството на таткото на Никол се проценува на 1,7 милијарди долари, а Бекамови имаат три пати помалку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma