Бели или кафени јајца? Што може да ни каже бојата на лушпата?

31 јануари, 20220
2ac9265eef21d557879606f5e99b208212a86329

Некои луѓе купуваат само јајца со кафена лушпа затоа што веруваат дека се поздрави или „поприродни“ од белите. Дали таквото мислење има основа во реалноста и дали е навистина важно дали јајцата се кафени, жолти или бели?

Бојата на лушпата не кажува апсолутно ништо за јајцето. Кога станува збор за вкусот и хранливоста, сите јајца се горе-долу исти. Карактеристиките кои ги прават некои јајца повкусни најмногу се поврзани со тоа што јадела кокошката што ги снела и во каква средина живеела.

Јајцата од кокошки кои слободно се движат и колваат по тревата јадејќи органска храна секогаш ќе бидат повкусни и ќе имаат побогат вкус од оние што се добиваат на големи фарми.

Зошто лушпите од јајцата се со различни бои?

Одговорот е прилично едноставен. Тоа зависи од видот на кокошката.

Повеќето кокошки кои се одгледуваат на големи комерцијални фарми се од типот „легхорн“, кои несат бели јајца, па затоа јајцата често се бели во продавниците. Но, постојат десетици други видови, од кои многу оставаат пигмент на површината на јајцата пред да ги положат.

Сè уште не е познато зошто различни видови несат различни јајца. Некои имаат кафени, а некои дури можат да снесат зелени и синкави јајца. Лушпата на јајцето се формира во жлездата за време на втората од трите фази на положување. Во таа жлезда лушпата ја добива бојата. Процесот на формирање на лушпата трае околу 20 часа, а во последните неколку се додава пигментот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma