Беше НАЈПОПУЛАРНИОТ музичар на светот, а потоа се случи ШОК: Со денови никој не знаеше дека лежи МРТОВ во станот

30 јануари, 20220
profimedia-0187942226

Во деновите пред неговото самоубиство, семејството и пријателите биле многу загрижени

Во 1994 година, на 5-ти април, светот го загуби Курт Кобејн. Фронтменот на групата Нирвана кој имаше само 27 години кога си го одзема животот пукајќи си во главата.

Неговото тело го пронашол електричар два дена подоцна.

Во една статија во весник од 1994 година во списанието Ролинг Стоунс, писателот ги опишал последните денови на пејачот на Нирвана, вклучувајќи ја и неговата долга битка со дрогата и депресијата.

Во телото на Кобејн биле откриени траги од хероин и валиум кога умрел, иако во моментот на неговата смрт, басистот на Нирвана, Крист Новоселиќ ги отфрли тврдењата дека дрогата е виновна за смртта на Курт Кобејн.

– Тоа е чиста глупост – му рекол Новоселиќ на тогашниот новинар во Сиетл:

– Дрогата беше само мал дел од неговиот живот.

Кобејн долго време страдал од клиничка депресија, откако му била дијагностицирана во средно училиште.

– Курт знаеше да биде многу ентузијастичен, смешен и шармантен, а половина час подоцна ќе седне во ќош и ќе биде целосно нерасположен и некомуникативен – изјави продуцентот на албумот на Нирвана од 1991 година.

Во деновите пред неговото самоубиство, семејството и пријателите биле загрижени дека Кобејн не се јавува на телефон. Неговата мајка Венди Оконор издала потерница по Курт, а неговата сопруга Кортни Лав, која во тоа време била на одвикнување од дрога, ангажирала приватен детектив да го пронајде Кобејн.

Неколку недели пред неговата смрт, пријателите и семејството се обиделе да го натераат да оди на рехабилитација за хероин. Кортни му се заканувала дека ќе го остави, а членовите на бендот се заканиле дека ќе ја напуштат Нирвана…

Курт Кобејн се пријавил за рехабилитација во клиника во Калифорнија, но по два дена излегол. Тој на 5-ти април се заклучил во својот стан и си го одземал животот со истрел во главата.

Неговото тело е препознаено по неговите отпечатоци од прсти. Веста ја шокираше музичката индустрија, но и целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma