Би се сожалил само кога би ја видел РАСПАРЧЕНА: Актерката откри страшни детали за бруталното НАСИЛСТВО

24 јануари, 20220
Kristina-Rici-Profimedia

По пријавата му забраниле да се приближи до неа и нивното дете, а потоа на површина испливале ужасни детали

Актерката Кристина Ричи ги изненади своите фанови пред неколку месеци кога на Инстаграм објави дека е бремена, само една година откако поднесе барање за развод од нејзиниот поранешен сопруг Џејмс Хирдиген.

„Животот станува се подобар“, напиша Кристина тогаш, објавувајќи слика од ултразвук на која го означи нејзиното ново момче Марк Хемптон, а потоа ја израдува јавноста со добрата вест во декември 2021 година, објавувајќи го раѓањето на нивниот син Клео.

Сепак, пред радосната вест, актерката Кристина Ричи, позната по филмот „Семејството Адамс“ ѝ соопшти на јавноста дека се разведува од сега веќе поранешниот сопруг Џејмс Хирдиген, признавајќи дека со години трпела брутално насилство од него.

По пријавата му забраниле да се приближи до неа и нивното дете, а потоа на површина испливале ужасни детали.

Имено, Кристина изјавила дека нејзиниот сопруг почнал да ја злоставува во 2019 година, и дека ја тепал, плукал и малтретирал, како и дека се плаши за нејзиниот живот и животот на детето. Ѕвездата на семејството Адамс му кажала на Џејмс дека сака развод, но нејзините планови биле прекинати кога пандемијата ги погоди Соединетите држави во март. Како што земјата влезе во национална блокада, актерката апелираше „дека се нашла заробена во куќата со насилник“. За време на карантинот, таа тврдела дека нејзиниот сопруг двапати ја нападнал. Конфликтот станал толку жесток што тој ја бркал низ куќата за да ја спречи да повика полиција за време на расправијата.

Во полициските документи стои дека Џејмс ја влечел Кристина за зглобовите и ја фрлил во каминот и фрлил стол кон неа. Кристина останала со бројни модринки и исеченици, а во вториот напад истиот месец изјавила дека Хирдиген плукал, фрлал со кафе и сето тоа додека синот ги гледал. Таа тогаш се плашела дека се може да заврши со смрт и била многу исплашена за својот живот, бидејќи тој изјавил дека може да ја сожали, само ако е распарчена.

Потсетуваме дека парот се венчаше во 2013 година, а една година подоцна го добија синот Фреди. Во јули 2020 година, сопругата пријавила семејно насилство и побарала забрана за пристап. Следуваше барање за развод, а тие официјално се разведоа во јули минатата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma