Британската кралица денеска го слави својот 96-ти роденден, а на подарок доби своја Барбика

21 април, 20220
2115171626261595091763006971250_640

Британската кралица Елизабета Втора денеска го слави својот 96-ти роденден, а покрај бројните честитки и почести доби и Барби кукла по повод платинестиот јубилеј – 70 години владеење.

Куклата со ликот на Елизабета Втора е облечена во бисерно бел фустан со сина лента украсена со минијатурни медалјони и панделки и има дијадема по моделот на онаа што Елизабета ја носеше на денот на нејзината венчавка.

Елизабета се искачи на тронот на 6 февруари 1952 година, по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. Таа е монарх со најдолг стаж во британската историја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma