Британска студија: Симптомите на омикрон траат два дена пократко од симптомите на делта сојот

12 април, 20220
Screenshot_8

Болеста предизвикана од варијантата омикрон е во просек околу два дена пократка од варијантата делта, според големото истражување спроведено меѓу вакцинирани Британци кои ги забележувале нивните симптоми во ковид апликација.

 

 

„Пократката презентација на симптоми сугерира, додека се чека потврда на студијата за вирусно оптоварување, дека периодот на зараза може да биде пократок, што ќе влијае на здравствените политики на работното место и на упатствата за јавно здравје“, напишаа авторите на студијата.

 

Врз основа на апликацијата Zoe COVID Study, која собира податоци за симптомите пријавени од самите пациенти, студијата исто така покажа дека симптоматската омикрон инфекција има 25 проценти помала веројатност да доведе до хоспитализација во споредба со варијантата делта.

 

Иако е познато дека омикрон во принцип предизвикува полесна болест, студијата е единствена по својата детална анализа и по фактот што била спроведена само меѓу вакцинирани доброволци.

 

Истражувачите од лондонскиот Кралски колеџ анализираа два групи на податоци: од 1 јуни до 27 ноември 2021 година, кога делта варијантата беше одговорна за повеќе од 70 отсто од случаите и од 20 декември 2021 до 17 јануари 2022 година, кога омикрон доминираше во повеќе од 70 проценти од случаите.

 

Пациентите – близу 5.000 во секоја група – беа споредени со лице на иста возраст, пол и доза вакцинација во другата група.

 

Пократкото времетраење на симптомите на омикрон во споредба со делта беше поизразено кај оние кои примиле три дози од вакцината. Симптомите траеле во просек 7,7 дена во периодот доминиран од делта, а само 4,4 дена, или 3,3 дена помалку, во периодот на омикрон.

 

Кај оние кои примиле две дози од вакцината, симптомите на делта траеле 9,6 дена, а на омикрон 8,3 дена, што е разлика од само 1,3 дена.

 

Студијата беше објавена во медицинското списание The Lancet во четврток и ќе биде претставена на Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и заразни болести подоцна овој месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma