Бритни и Мадона повторно го полудеа светот: Се бакнаа во уста на венчавката на Спирс!

12 јуни, 20220
britni-madona-830x0

Бритни Спирс и Сем Ашгари сега се и официјално во брак, а Мадона беше поканета на забавата што ја организираа.

Овие две пејачки и пријателки ја искористија оваа ситуација за да направат нешто за што денес зуи светот, односно да го повторат потегот кој пред неколку децении ја шокираше јавноста.

Имено, тие повторно се бакнаа во уста.

Бритни изгледаше прекрасно во црвен фустан од „Версаче“, па се наведна и ја бакна Мадона на прославата.

Ова многумина ги потсети на настанот од 2003 година, кога двете се бакнуваа на сцената на наградите на МТВ. За време на настапот Мадона се сврте и сакаше да ја бакне Кристина Агилера, но тој момент помина речиси незабележано во споредба со она што го направија Бритни и нејзината колешка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma