Бритни Спирс конечно го „напаѓа“ семејството: Оваа одлука ќе и донесе 15 милиони долари

22 февруари, 20220
britni-spirs-1-830x0

Пејачката потпишала договор со издавачка куќа која наводно ќе ја објави нејзината автобиографија

Откако по 13 години конечно се спаси „од канџите“ на нејзиниот татко Џејми Спирс, поп ѕвездата Бритни Спирс ја најави својата голема исповед, која ќе биде сериозен „удар“ за речиси сите членови на нејзиното семејство.

Имено, на крајот на минатата година судот конечно донесе одлука да и го прекине старателството, а Бритни решила да опише се што поминала во своите мемоари. Според пишувањата на медиумите, пејачката сега потпишала договор вреден 15 милиони долари со издавачката куќа „Simon & Schuster“.

Бритни е подготвена да открие многу детали од врската со нејзиниот татко и остатокот од семејството, а јавно проговори и за тоа дека било злоупотребено правото на старателство над неа.

– Ова е порака до моето семејство, бидејќи ме повреди подлабоко отколку што некогаш ќе се дознае! Знам дека старателството наскоро ќе заврши, но сепак сакам правда – напиша Бритни на социјалните мрежи во октомври.

Се претпоставува дека конечно ќе ја раскаже својата страна од приказната за сè низ што поминала во новата книга.

Да се потсетиме, Бритни Спирс имаше криза и проблеми со менталното здравје во 2008 година, кога ја скрати косата, а од тој момент нејзиниот живот беше во рацете на нејзиниот татко.

Иако тврдеше дека членовите на семејството ја принудиле да зема наркотици, Џејми остро ги отфрли сите обвинувања дека ја злоупотребува својата положба и безброј пати истакна дека е загрижен за здравјето на својата ќерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma