Вереникот на Кортни Кардашијан нема граници и сега навистина претера: Поради бизарниот потег на гробот на нејзиниот татко, цел Холивуд остана без зборови

1 мај, 20220
Screenshot_7

Тревис Баркер отишол на гробот на Роберт Кардашијан за да „побара“ дозвола да се ожени за Кортни.

 

 

Во најновата епизода од реалното шоу „The Kardashians“, Крис Џенер откри дека Тревис Баркер го посетил гробот на Роберт Кардашијан пред тој да ја запроси Кортни.

 

Крис откри дека зетот, пред да ја запроси Кортни, се погрижил да вклучи уште една посебна личност блиска до идната вереничка: нејзиниот покоен татко Роберт, адвокат, кој стана познато име за време на судењето на О.Џ. Симпсон. Роберт почина од рак во 2003 година на 59-годишна возраст.

 

„Тој ја побара нејзината рака, а јас бев како, сега сакам да плачам“, рече Ким Кардашијан за време на епизодата. „Беше толку слатко и нежно. А потоа рече дека отишол на гробот на татко ѝ и побарал дозвола од него. Само посакувам татко ѝ да беше тука да го види тоа”, продолжи Крис. Тешко ми е да поверувам дека ова ѝ е првпат да се мажи“, додала Ким.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma