Вест што ГО УРНА ИНТЕРНЕТОТ: Бритни Спирс го деактивираше Инстаграмот – и исчезна без трага?

17 март, 20220
143599_profimedia0301286458_ff

Нејзините обожаватели се многу загрижени, бидејќи поучени од претходните искуства кои ги имале со пејачката, решиле веднаш да реагираат.

Пејачката Бритни Спирс повторно се најде во центарот на мистериозни случувања, бидејќи нејзините обожаватели забележале дека таа го деактивирала својот Инстаграм профил и на тој начин исчезнала без трага.

Беше доста активна на таа социјална мрежа, прикачувајќи снимки од чудни кореографии кои станаа толку популарни што обожавателите обожаваа да следат такви содржини.

Меѓутоа, сега нејзините опсесивни обожаватели се вознемирени поради тоа.

– Исусе, штотуку слушнав што се случило. Дали си добро? – праша еден фан на Бритни на Твитер.

– Профилот мора да е деактивиран од нејзиниот луд татко Џејми – додаде друг.

– Нејзината последна објава беше малку чудна. Се пожали дека нејзиниот постар брат не и дал виски и Кока-Кола… Се изгледаше како скриена порака – објавено е.

– Загрижен сум за неа. Не можам да живеам без нејзините објави – е исто така еден од бизарните коментари.

Сепак, многумина сметаат дека станува збор за маркетиншки трик, бидејќи наскоро планира да објави мемоари, за кои се проценува дека ќе добие дури 15 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma