Ве нервира кога мирисот испарува по еден час? Едноставен трик како вашиот парфем да мириса цел ден

28 април, 20220
parfem-2048x1364

Едноставен начин да спречите брзо испарување на парфемот кога ќе го нанесете на кожата

Со доаѓањето на подобро време, станува се поважно да се „продолжи“ времетраењето на парфемот.

Доколку ве нервира кога парфемот брзо испарува, постои едноставен трик кој го решава овој проблем.

За да спречите пребрзо испарување на парфемот, експертите препорачуваат парфемот да го нанесете на хидрирано тело, со лосион кој има неутрален или благ мирис.

Овој совет делува на два начина: на добро хидрирана кожа, мирисот трае подолго. Тоа е затоа што здравата, хидрирана липидна бариера нуди природни масла на кои може да се прилепи мирисот, додека на сува кожа парфемот едноставно ќе се распрсне.

Значи, доколку имате богата и густа крема со хидратантни масла, нанесете ја на местата каде што го ставате парфемот и ќе трае подолго.

Меѓутоа, ако сакате да отидете еден чекор подалеку, секогаш можете да се обидете со слоевитост на мирисите. Односно, земете миризливо масло или лосион за тело и ставете го под вашиот парфем – не само што може да ја задржи вашата кожа хидрирана (што прави мирисот да трае подолго), туку дополнителните мирисни ноти може да го подобрат искуството на тој парфем.

Некои брендови нудат масла и парфеми или креми и парфеми во пакување токму поради оваа причина.

– Кога се комбинираат различни мирисни ноти, тогаш имате уште поробусна колекција на горните, средните и долните мирисни ноти на парфемот. Ова дефинитивно го продолжува животот на парфемот – вели Кат Чен, основач на брендот „Skylar“.

Не мора да бидете хемичар за да пробате слоевит начин на нанесување на мирис на телото. Едноставно изберете ги мирисите кои најмногу ви се допаѓаат. Сепак, суптилниот почеток е секогаш сигурна опција. Со посилна арома и хидрирана, среќна кожа, вашиот парфем треба да трае цел ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma