Вил Смит снимен за прв пат по скандалот на Оскарите: Се смеел и се сликал со обожавателите

23 април, 20220
vil-smit-will-smith-830x0

Актерот бил лежерно облечен и изгледал опуштено

Холивудскиот актер Вил Смит е снимен за прв пат по скандалот на Оскарите откако слетал во Индија. Актерот имал широка насмевка додека разговарал со фановите.

Смит бил снимен во саботата по слетувањето на приватен аеродром во Мумбаи, каде што бил пречекан од воодушевени обожаватели. Актерот со задоволство се сликал со нив, пишува „Daily Mail“.

Смит, наводно, е во Индија за да се сретне со духовниот водач Садгуру, кого Смит и неговото семејство го сретнаа во 2020 година во Лос Анџелес.

Актерот бил лежерно облечен, во бела маица, шорцеви и патики, а според пишувањата на медиумите изгледал опуштено и среќно по пристигнувањето во Индија.

Ова е прв пат Смит да биде забележан во јавноста речиси еден месец откако му удри шлаканица на актерот и комичар Крис Рок на ТВ во живо и пред колегите откако се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит за време на Оскарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma