Вирална снимка на интернет: Адвокатката на поранешната сопруга на Деп му била обожавателка на Џони

1 мај, 20220
Screenshot_19

Видеото од црвениот тепих на кое се Џони и адвокатката на Амбер има повеќе од 2,5 милиони прегледи

 

 

Холивудското судење на деценијата на Џони Деп и Амбер Херд беше коментирано и анализирано на социјалните мрежи, а сега се појави видео кое многумина ги насмеа, но и изненади.

 

Деп ја обвини својата поранешна сопруга Амбер за, како што тврди, лажни наводи за злоупотреба, за што сега на поранешните сопружници им се суди.

 

Сепак, спорот меѓу Џони и Амбер најчесто е тема на шеги на социјалните мрежи, па постојано се објавуваат комични видеа од судењето.

 

Адвокатскиот тим на Амбер Херд е под голем притисок, бидејќи многумина ги исмејуваат на TikTok, а најголемо внимание привлече едно видео.

 

Имено, обожавателите на Џони Деп на TikTok споделуваат видео од една од премиерите на актерот во 2013 година во Лондон, во која Деп „не е главниот лик“.

 

Главниот лик е обожавател во позадина, кој со камера го чека актерот на црвениот тепих.

 

Корисниците на оваа социјална мрежа тврдат дека обожавателката од црвениот тепих неодоливо потсетува на Елејн Брејдхофт, адвокатката на Амбер Херд.

@johnny_depp0963

Not Amber heards lawyer being a fan of Johnny Depp ✋🙊😭#johnnydepp #justiceforjohnnydepp #amberheardisaliar

♬ original sound – John Christopher Depp

Многумина се убедени дека тоа е Елејн, а ова видео има повеќе од два и пол милиони прегледи на споменатата социјална мрежа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma