ВИ ПРЕТСТАВУВАМЕ ПРИРОДЕН ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ Овие работи што ги имате дома решаваат многу проблеми со кожата

10 февруари, 20220
Screenshot 2022-02-10 222921

Кожата ќе ви биде затегната, чиста и сјајна по третманот со белка. Доколку ја потрошивте кремата со која нормално ја негувате кожата на лицето, ви предлагаме да најдете алтернатива во една намирница која ја чувате во фрижидер – јајце, поточно белка од јајце.

Белката содржи протеин кој ја прави кожата еластична и ја затегнува, регенерира и го поттикнува растот на клетките. Има и калиум кој хидрира, а рибофлавинот ја чисти од токсините и ја отстранува нечистотијата, додека магнезиумот е одговорен за високиот сјај на кожата.

Белките најдобро делуваат на мрсна кожа која е полна со себум и нечистотии. За почеток добро измијте ја кожата на лицето, вратот и деколтето, а потоа изматените белки со четка нанесете ги на проблематичните делови од кожата.

Чистење на лицето од митесери

Црните точки ја напаѓаат „Т зоната“, па затоа е неопходно чистење со разни пилинзи, маски и други козметички третмани.

Сепак, една белка може да ви заштеди време, но и пари, кога станува збор за борбата против митесерите.

Изматените белки намачкајте ги на лицето, а потоа залепете парче салфетка преку кожата правејќи маска. Потоа уште еднаш премачкајте. Оставете да се исуши околу десет минути, а потоа отстранете ја салфетката од кожата. Како што ќе ја извлечете салфетката, така ќе ги извадите и црните точки како и целата друга нечистотија.

Затегнување на кожата и сјаен тен

Доколку сакате најбрзо да ја затегнете кожата, тука може да ви помогнат добро изматените белки кои ќе ги нанесете преку лицето, вратот и деколтето.

Оставете ги белките да отстојат дваесетина минути додека не почувствувате дека кожата се стега. Потоа исплакнете со млака вода и кожата ќе биде позатегната, а тенот сјаен.

Исто така, оваа едноставна маска може да ви помогне доколку имате проблем со мозолчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma