Внимавајте да не ја оштетите – Што се случува со вашата коса ако постојано ја носите во пунџа?

3 август, 20220
como-hacer-un-mono-facil.jpg

Во текот на летото, многу девојки не знаат што да прават со својата коса, па најчесто избираат да ја врзат во опавче и да направат пунџа.

Ова е во ред ако овие фризури ги правите повремено, но ако носите пунџа секој ден, може сериозно да ја оштетите косата.

Распукување на косата
Ако вашата коса често е собрана во пунџа, тоа може да предизвика влакната да се истенчат и да се „скршат“ поради притисокот. Истото важи и за коса собрана во реп. Поради оваа причина, најдобро е да се користат спирални ластици кои го распределуваат притисокот на неколку области и на тој начин спречуваат појава на расцветани краеви. Фиксирање на косата со тенки црни шнолички е исто така многу понежно за косата и е добра алтернатива за пунџи или високи репчиња.

Губење на косата
Кога косата е собрана во цврста пунџа, таа е цврсто прицврстена за темето. Ова доведува до постепено, но постојано формирање на залистоци и опаѓање на косата. Во овој случај, коренот на влакното е постојано под притисок, што доведува до опаѓање на косата, најчесто само во одредени области каде што косата била најмногу затегната.

Затоа, доколку веќе избирате пунџа, тогаш одлучете се за малку разбушавена и опуштена варијанта.

Првут
Ако носите пунџа два дена по ред и не ја миете или чешлате косата измеѓу, ќе се погрижите вашиот скалп да остане без маснотии. Како што се собира потта и бактериите, тоа доведува до сув скалп и првут.

Доколку скалпот не се мие доволно често, се лепи за коренот на косата, што повторно доведува до уште поголемо опаѓање.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi