ВО ЧАШАТА е тајната на моќта на Путин: Ви ги откриваме СОСТОЈКИТЕ од смесата која го чисти организмот од ОТРОВИ

28 февруари, 20220
22054_vladimir-putin_f

Владимир Путин се колне во овој билен чај од Алтајските планини

Можеби сте забележале дека рускиот претседател Владимир Путин често има бел термос со себе на конференциите. Конечно е откриено што е во прашање.

– Знаете, јас не пијам ни црн чај. Пијам само билен чај од Алтај – изјави неодамна претседателот на Русија и така конечно ја откри тајната на белиот термос.

Инаку, Алтај е планински венец кој се протега помеѓу Монголија, Казахстан, Кина и Русија, со што се создава природна граница.

Колку ја сака природата на Алтај сведочи и фактот што Путин често наздравува со странски функционери со белиот термос.

За тоа сведочи фактот што планините Алтај се нарекуваат зелена аптека на земјата, бидејќи е една од последните оази на незагадениот дел на планетата каде растат ретки ендемични лековити растенија, кои по својата чистота ги надминуваат стандардите на органски одгледуваните.

Се верува дека овој чај од алтајските билки делува на тонусот на организмот благодарение на богатството од биолошки активни материи, витамини, како и изразената поддршка на имунолошкиот систем. Го зајакнува општиот отпор на организмот, го зајакнува имунитетот, дава енергија и ентузијазам. Исто така е одлично средство за чистење на телото, детоксикатор, а делува и како антиоксиданс, кој ги спречува штетните ефекти на процесите на оксидација во организмот, кои се сметаат за една од причините за многу хронични заболувања во современиот свет.

Алтајскиот чај, инаку, содржи дури 24 билки, како камилица, сибирски бор, брусница, корен на царското растение, сладунец, според текстот на „Рускиот лекар“, кој дополнително ги објаснува придобивките од секоја од нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma