ВЉУБЕН ПОГЛЕД КАКО НА ДЕНОТ НА СВАДБАТА: Кејт Мидлтон во бел фустан и шешир кој го одзема здивот! (ФОТО)

26 март, 20220
274643_kejtmidlron_ls

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон се на патување на Карибите, па секој ден ја воодушевува јавноста со своите стајлинзи, поради што Меган Маркл се помалку ни недостасува.

Kejt Midlton

Идната кралица Кејт Мидлтон од првиот ден кога стапна на Карибите, каде што е на патување со сопругот принцот Вилијам, реди преубави комбинации на облека кои одговараат на жена од нејзината класа.

Kejt Midlton

На шестиот ден од патувањето, парот учествуваше на државна парада на Јамајка, за која Кејт носеше прекрасен бел фустан кој може да послужи и како инспирација за девојките кои планираат венчавка.

Kejt Midlton

Имено, војвотката од Кембриџ за оваа официјална пригода облече бел миди фустан од префинета тантела, со дамско деколте и бели салонки, а целата комбинација ја подигна на повисоко ниво избирајќи елегантен шешир.

Многумина забележаа како брачната двојка се гледа заљубено и по 10 години брак, па многумина се потсетија на нивната венчавка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi