Гејтс: „Намален е ризикот од КОВИД, следува нова пандемија“

19 февруари, 20220
Screenshot_7

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, истакна дека ризикот од коронавирус е драстично намален, но додаде дека доаѓа нова пандемија, пренесува „Си-Ен-Би-Си“.

 

 

Гејтс на Конференцијата за безбедност во Минхен, изјави дека веројатно тоа ќе биде пандемија предизвикана од друг патоген од семејството на коронавирусот.

 

Сепак, Гејтс додаде дека напредокот во медицинската технологија може да му помогне на светот подобро да се справи со новата пандемија, доколку уште сега се инвестира во неа.

 

„Ќе имаме нова пандемија. Следниот пат тоа ќе биде нов патоген“, изјави Гејтс.

 

Тој оцени и дека по две години од почетокот на пандемијата, коронавирусот веќе не е толку опасен бидејќи глобалната популација има стекнато одредено ниво на имунитет, како и поради фактот што последниот вид – омикрон е помалку заразен од претходните.

 

Сепак, Гејтс рече дека тоа на многу места е последица на самиот вирус, кој создава одредено ниво на имунитет и дека тој „завршил подобра работа отколку вакцините“.

 

„Шансите за сериозни болести, кои најмногу се однесуваат на старите лица, луѓето кои имаат проблем со дебелината или дијабетесот, таквите ризици сега се значително намалени поради изложеноста на самиот вирус“, посочи тој.

 

Гејтс вели дека веќе е „доцна“ да се постигне целта на Светската здравствена организација да се вакцинираа 70 отсто од светското население до средината на 2022 година. Во моментов,  61,9% од светската популација примила најмалку една доза од вакцината против коронавирус.

 

Тој исто така рече дека светот треба да се движи побрзо во развој и дистрибуција на вакцини во иднина, апелирајќи до владите да инвестираат во тоа сега.

 

„Следниот пат, треба да се обидеме да ги направиме, наместо за две години, за шест месеци“, рече Гејтс, додавајќи дека стандардизираните платформи, вклучително и технологијата РНК (мРНК), го овозможуваат тоа. „Цената на подготвеноста за следната пандемија не е толку висока. Тоа не се климатски промени, па ако бидеме рационални, следниот пат ќе ја „фатиме“ порано“, заклучи тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma