Го отфрлила бричот – и останала икона на сексапилот: Фотографиите со кои Софија Лорен ги промени стандардите за убавина
![187303_profimedia0127529441_ff](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/02/187303_profimedia0127529441_ff.jpg)
Моментот кој остана незаборавен беше на црвениот тепих во 1999 година, кога Џулија Робертс на премиерата на филмот Нотинг Хил се појави со неизбричени пазуви, а заврши на насловните страници на сите медиуми. Таа тогаш истакна дека не испратила никаква порака, ниту пак се обидела да ги промени наметнатите стандарди за убавина, туку дека „згрешила со должината на ракавите“.
Сакала или не, таа секако привлекла големо внимание, а поттикнала и многу жени во намерата незапирливо да ја прекинат депилацијата кога не сакаат тоа да го прават.
И навистина, неизбричените пазуви се сè попопуларна алатка за жените кои сакаат, всушност, да се изборат со стандардот на убавина што подразбира мазно тело.
Ќерката на Мадона, Лурд Леон со години привлекува внимание со своето недепилирано тело кое со задоволство и често го покажува на јавноста и папараците. Таа му припаѓа на таборот кој ја нагласува природата на женското тело, па не сака ниту поддржува депилација, дури и кога се работи за модни настани како познатата Мет Гала! Лурд гордо ги покажа пазувите, рацете, позираше пред камерата… И тоа го прави секогаш кога има прилика, а далеку од тоа дека е единствена.
Иако некој може да помисли дека ова е едно од достигнувањата на модерното време, тоа не е сосема точно. Според Vogue, едно истражување покажало дека секоја четврта жена помлада од 25 години повеќе не ги бричи пазувите.
Сепак, и тоа немаше да биде возможно доколку некои жени не беа првите кои ќе се спротивстават на одредени стандарди кои не го прифаќаат природниот изглед.
Верувале или не, меѓу нив е и Софија Лорен, која гордо позираше со недепилирана пазува и го одби отстранувањето на влакна уште во златното доба на Холивуд.
И таа остана една од најпосакуваните убавици досега!
Софија Лорен сè уште доаѓаше на црвениот тепих и гордо мавташе со небричената пазува …
А мажите сè уште воздивнуваа по неа… И никој не можеше да го оспори нејзиниот сексапил, ниту пак го направил тоа до ден-денес. Еве како Софија Лорен ги сврте стандардите во дваесеттиот век, во 1955 година на филмскиот фестивал во Венеција:
The photo on the right might be one of my fave pics ever. Sophia Loren attending the 1955 Venice Film Festival in a bedazzled cocktail dress, white gloves, diamonds dripping from her ears, the hair up and a glamorous, confident display of her sensual, womanly armpit hair. LEGEND. pic.twitter.com/F3esiz5kB8
— Michael the III (@michael_the_iii) September 12, 2019