
Иако не се прв избор за софистициран изглед, патиките се едни од омилените модели на обувки на многу девојки.
Со оглед на тоа што опсесијата со патиките Salomon не престанува со сезони, не е чудно што тие се на самиот врв на шопинг листата на девојки кои го сакаат лежерниот стил на познатата манекенка Бел Хадид.
Salomon, француски бренд првично посветен на скијачката индустрија, дефинитивно го освои модното поле со овој модел на патики.
Лесно се комбинираат со поло фустан и на тој начин ја ставаат спортската атмосфера во фокус, исто како што тоа го направи Бела Хадид. Нив ги носи и Ријана која одлично ги спои со нејзиниот урбан моден стил.
Одлично одат и со кожна јакна или капут, како што покажаа и други девојки, добивајќи ја својата модна репутација затоа што станаа нешто што мора да се има во гардеробата на модно свесните девојки.