Дали веќе сте биле? Прекрасна хрватска плажа која подеднакво ја обожаваат и возрасните и децата

12 август, 20220
Screenshot_16

Хрватските плажи се прекрасни. Кога ќе помислиме дека сме виделе сѐ, се појавува некој нов детал кој нѐ воодушевува.

 

 

 

Има толку многу плажи кои го заслужуваат секој комплимент што им го дадовме, а овој пат ќе издвоиме една добро позната плажа – плажата Краљичина во Нин, која се најде на листата на најубави плажи во светот на каналот American Travel.

 

Краљичина плажа се наоѓа во лагуната Нин во близина на Задар, а она што ја прави прекрасна се километрите плитко, песочни островчиња и лековита кал со која посетителите можат да се намачкаат.

 

Screenshot_16
Screenshot_17
Screenshot_18
Screenshot_19

Дополнително, доколку сте родител, оваа плажа е идеален избор за семеен одмор како место каде најмладите ќе уживаат во пливање во плиткото и правење песочни кули.

 

За оваа плажа се поврзува и легенда, која вели дека со својата убавина била маѓепсана Јелена, сопругата на првиот хрватски крал Томислав, која ги поминала семејните моменти токму на оваа плажа и ги открила придобивките од лековитата кал.

 

Во близина на плажата има и придружни објекти како ресторани, кафулиња и забавни паркови за деца, така што не треба да се грижите како ќе го поминете вашето време. Во нашата галерија погледнете ја оваа прекрасна плажа, која можеби ќе се претвори во вашата следна дестинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi